| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го обвини Катар за финансирање на тероризмот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Катар за финасирање на тероризмот на „многу високо ниво“ и ја повика земјата за престане со таквата пракса.

– Ниту една цивилизирана земја не може да толерира такво насилство или да дозволи таква злосторничка идеологија да се шири крај нејзините брегови, изјави Трамп на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис, по нивната средба во Белата куќа.

Ваквата изјава на Трамп успеди откако претходно денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика Саудиска Арабија и останатите земји од Персискиот Залив да ја ублажат блокадата кон Катар, нагласувајќи дека таа има хуманитрани последици и влијае врз борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– Очекуваме овие држави веднаш да преземат чекори за смирување на ситуација и дека ќе вложат искрени напори за да ги надминат меѓусебните несогласувања – изјави Тилерсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top