Холивудските ѕвезди се одушевени од третманот на замрзување на телото, кој најефикасно го топи салото.
Болните и мачни третмани за слабеење се минато, откако се појави методата КулСклулптинг за која се одлучуваат познатите личности од Холивуд.
Револуционерната метода која ја откриле американските научници Дитер Мејнстен и Рокс Андерсон воодушеви милиони корисници, меѓу кои се и сестрите Кардашијан, Џенифер Анистон, Мараја Кери.
Имено со третманот за елиминирање на масните наслаги на принцип на ладење на масните станици, пациентот за помалку од еден час почнува да го губи салото.
Зафатот е рутински, се прави без операција, игла и долготрајно закрепнување, а најважен е фактот дека ефектите се долгорочни.
Патентираната технологија Криолиполисис сигурно е ефектно делува на масните станици, кои се помалку отпорни на ладното од кожата, но без оштетување на кожата или друг ефект.Замрзнувањето предизвикува уништување на масните станици, кое телото потоа сосема природно и трајно ги отстранува, објаснила докторката Нина Суворов.
Како што објаснила, по смрзнувањето, телото постепено почнува да ги отстранува смрзнатите масни наслаги. Првите видливи резултати се после три недели, а крајните во период од еден до три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.