| четврток, 6 декември 2018 |

Maскирани им влегле дома, врзале жени и истепале маж

А.С. синоќа пријавил дека улицата „Дижонска“ во куќа сопственост на нивното семејство извршено е разбојништво од страна на три непознати лица кои биле маскирани и вооружени со пиштол.

Истите врзале две жени што биле во куќата, додека едно машко лице го повредиле во пределот на главата, по што извршиле пребарување и одзеле златен накит, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top