Терористичката група Исламска држава планира да ја дестабилизира Централна Азија и јужните региони на Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека е потврдено постоењето на терористички ќелии во земјите што се членки на шангајската организација за соработка.
– Неопхопдно е да се подобри координацијата на разузнавачките служби што се членки на организацијата, вклучително и работата во регионалната антитерористичка структура – рече Путин на самитот на оваа организација во Астана.
Антитерорирстичката структура спречи повеќе од 40 кривични дела порзани со тероризам, вклучително и 16 терористички напади лани, изјави директорот на извршната комисија на ова тело, Евгениј Сјосојев.
Тој додаде дека повеќе од 100 членови на меѓународните терористички организации се уапсени и казнети.
Шангајската организација за соработка, пак, е политички, воен и економски сојуз, чијшто составен дел се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст