| четврток, 6 декември 2018 |

Пит јавно ѝ се извини на Анистон што ѝ го скршил срцето, нејзе не ѝ е важно

Трезниот Бред Пит се свести и реши да почне да им се извинува на тие луѓе на кои им згрешил.

На врвот на неговата листа се најде токму Џенифер Анистон, неговата поранешна сопруга, која ја изневери со Анџелина Џоли.

Откако се разведе од Анџелина, 53-годишниот актер се откажа од алкохолот и почна да оди на терапија. Американските магазини откриваат дека Бред неодамна контактирал со Џенифер за да ѝ се извини за првпат по нивниот развод во 2005 година.

– Бред ѝ се извини за тоа што ѝ го скршил срцето. Обично не се отвора вака, но преку терапијата, научи да си ги искажува чувствата. Ѝ се извини за сета болка – изјави извор близок до актерот.

Таа го прифатила извинувањето и си продолжила со животот.

Кога излезе во јавност веста дека Бред и Анџелина се разведуваат, Џенифер воопшто не се заинтересирала, ниту пак се загрижила за тоа. Од 2015 година таа е во брак со Џастин Тероу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top