| четврток, 6 декември 2018 |

Анѓушев: Летово ќе се воведе евтина тарифа за струја

Во летните месеци може да се очекува повторно воведување на евтина тарифа за струја, најави Кочо Анѓушев, задолжен за економски прашања во кабинетот на Заев.

Како што рече Анѓушев, многу брзо треба да се утврдат и законските текстови на кој начин ќе се воведе евтината тарифа што ќе се однесува за населението.

Анѓушев додаде дека со Европската енергетска заедница преговарале и за либерализација на продажбата на струјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top