Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски денес ја објавија новата песна насловена „Лажев“. Музиката на „Лажев“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара,а аранжманот на Бојан Трајковски.
Новиот видеозапис е снимен во МОБ, а е дело на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.
Овие два исклучителни македонски музичари отсекогаш се водени од љубовта која ја имаат кон музиката и нивните изведби неретко допираат до сетилата на слушателите. „Лажев“ е нешто што се роди од чувства кои директно ја поттикнаа артистичката елација на Сара и Дамјан откривајќи нешто посензитивно од вообичаено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.