| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава рачниот часовник на Путин, еве колку вреди (Фото)

Владимир Путин нема да присуствува на аукцијата во Монако, но еден дел од неговата историја ќе биде таму. Имено, рускиот претседател го понудил на продажба својот рачен часовник марка „патек филипе 5208P“, кој спаѓа меѓу најдобрите од овој швајцарски бренд.

Инаку, часовникот многумина го сметаат за екстремно комплициран, а се продава само на докажани клиенти на брендот. Неговата вредност е околу милион долари, што го прави еден од најскапите часовници пуштени во продажба, а веројатно и во историјата.

Не е познато точно од која година е ова вредно парче од имиџот на рускиот претседател, но се знае дека бил купен во Лондон.

Многумина се сомневаа дека тоа е навистина часовник кој му припаѓал Путин, како што тврдат документите од компанијата. Иако тие го објавија името на сопственикот, не постои начин тоа сигурно да се потврди. Сепак, ниту една реномирана аукциска куќа никогаш не би си дозволила да направи грешка, особено не кога се огромни суми во прашање. Аукцијата уште не е започната, а се очекува конечната цена да биде уште повисока од почетната која сама по себе е вртоглава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top