Истражувачите на британската интернет страница „Чанел мам“ направија анкета, во рамките на која испитале 1.118 родители за нивните сексуални навики. Новите родители откриле дека во просек чекаат по 58 дена по породувањето до повторен секс.
Дури 94 проценти од нив тврдат дека се задоволни од својот сексуален живот по доаѓањето на бебето, 57 проценти од нив истакнуваат дека детето им го подобрил сексуалниот живот.
Една третина кажале дека сексот им е почест отколку пред раѓањето на бебето, а четири од пет анкетираните кажале дека сега им е поважен квалитетот отколку квантитетот.
Истражувањeто открило уште еден податок, а тоа е дека по породувањето, телото на партнерката повеќе им се допаѓало од претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.