| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко му го чува грбот на првиот човек на Франција – Србија ја напуштил поради љубов, а сега го чува Макрон

Новоизбраниот претседател на Франција го чува Србин. Дарко Булатовиќ (53) е лично обезбедување на Емануел Макрон, кој се уверил во подготвеноста, дискретноста и широкиот грб кој му гарантира безбеднсот.

Дарко е човек од 195 сантиметри висина, снагатор на кого и изразот на лицето му е јак. Со поглед ја скенира околината, но тоа се подразбира бидејќи во спротивно првиот човек на Франција не би му ја доверил својата безбедност.

Булатовиќ ја напуштил Србија 1990 година поради Хрватка, на која подоцна и го свртел грбот. За да стигне до најмладиот француски претседател, Дарко поминал се и сешто, но останал жив и здрав и сега е татко на тригодишниот плавокос син Лука. За прва сопруга избрал Французинка, втора била мулаткиња од Антил, а сегашната, стоматологот Тамара, му е трета и, како што вели тој, последна. А како и не би му била кога за 50-тиот роденден му родила син.

Денеска е косопственик на Тего секјурити, фирма за обезбедување. Вели дека му оди одлично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top