| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се стопира програмата „Кембриџ“ во средното образование

По укинувањето на  екстерното тестирање, новата владаразгледува правни механизми да ја укине и наставната програма „Кембриџ“, по која треба да учат и средношколците од учебната 2017/2018 година. Рената Тренеска – Дескоска за оваа програма има сличен став како за екстерното тестирање, таа смета дека програмата предизвикувала конфузија кај учениците и низа негативни реакции кај наставниците и родителите.

Од друга страна, пак, 97 проценти од наставниците од 1 до 3 одделение кои ги пополниле прашалниците по обуката, сметаат дека со обуката се стекнале со потребните вештини за да работат по новата наставна програма, а пред обуката 54% од овие наставници се чувствувале самоуверени дека ќе можат да ги применуваат новите стратегии на подучување за да ја предаваат новата наставна програма.

Еден процент помалку, 96% од наставниците по природни науки од 4 до 6 одделение, и 95% од наставниците по математика постои голема согласност дека со обуката се стекнале со потребните вештини за да работат по новата наставна програма.

96% од овие наставници би ја препорачале обуката која ја посетувале на други наставници.

Една од главните придобивки од програмата „Кембриџ“ во македонското образование е поквалитетно образование на учениците базирано на меѓународно споредливи стандарди. Квалитетот на образованието се подигнува бидејќи со овие наставни програми се фаворизира примена на современи методи и техники во наставата и активно учење преку истражувачки ученички активности што пак од своја страна ја подобрува педагогијата на поучувањето и пристапот на учење кај учениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top