| четврток, 6 декември 2018 |

Модерниот СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром, еден од главните фактори за спортскиот успех

Ракометниот европски шампион Вардар, како и македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје – Аеродром веќе три сезони домашните натпревари ги играат во новиот и изграден по сите светски стандарди, спортски центар „Јане Сандански“.

Одличните услови за тренинг на спортистите се еден од главните фактори за успехот во спортот, а тоа може да го понуди само врвен спортски комплекс. Ова е само еден од над 200-те проекти реализирани за време на вториот мандат на градоначалникот Ивица Конески во периодот од 2013 до 2017 година кој во својата општина обезбеди предуслови и го потпиша договорот со инвеститорот да се изгради овој комплекс.

Со капацитет од 6 500 гледачи СЦ „Јане Сандански“ има модерна мулти фукнционална сала за ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и одбојка, помошна сала за тренинзи која може да прими 1000 гледачи како и базен, спа центар и хотел.

Очигледно, инвестициите во овој спортски центар, но и во спортот во Македонија вродија со плод, па денес европски првак во ракомет Вардар, пехарот ќе го донесе и во Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top