| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот за „Крафтверк“ го отвора третиот „Скопје синема сити“ фестивал

Oд 15 – 19 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Фестивалот се отвора со филм за Крафтверк, односно „Поп Арт“, во традиција на претходните изданија кога фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви и Леонард Коен.

Бидејќи Фестивалот пред сѐ сака да го прикаже богатството и разновидноста на музичкиот свет, програмата е зачинета со документарни филмови од светот на електронската музика, па така, покрај Крафтверк, истата вечер следи и филм за Жан Мишел Жар – „Патешествие низ електронската музика.“ Во следните денови ќе се прикажат филмови за џез и боса нова музиката „1959- годината која го промени џезот“ и „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“ за куриозитет да биде денот посветен на најголемите џез пејачки почнувајќи од Ејми Вајнхаус, (Ејми Вајнхаус: Со свои зборови), Кралиците на џезот: радоста и болката на џез дивите (Били Холидеј, Нина Симон, Ела Фицџералд, Пеги Ли, Сара Вон) и кралицата на џезот Ела Фицџералд: Причина за живеење. Потоа следи серијал филмови за класична музика: „Задоволството наречено Моцарт,“ филм за авангардната класична музика на Франк Запа – „Современиот композитор одбива да умре“, а таа вечер проекциите ќе завршат со проекција на концертниот филм „Дерек Меј и Џијан Емин“, за којшто влезот ќе биде слободен.

Последната вечер е посветена на тројцата пријатели – фотографот Мик Рок, познат по неговата работа со Лу Рид и Дејвид Боуви, за којшто краткиот филм „Да живее Рок“ ќе биде вовед во филмовите за починатите музичари Лу Рид и Дејвид Боуви; „Во сеќавање на Лу Рид“ – портрет на овој голем урбан поет чии стихови и музика се саундтрак на Њујорк од почетоците со Velvet Underground па сѐ до последните изданија, раскажан од неговите најблиски соработници; Фестивалот завршува со портретот на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за Би-би-си, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.

Програма за Скопје Синема Сити:

15.06.2017

20:00  Крафтверк – Поп Арт

Kraftwerk – Pop Art         

21:00 Жан Мишел Жар „Историја на електронската музика

Jean Michel Jarre – A Journey Through Electronic Music

 

16.06.2017

20:00  1959 – Годината која го променила џезот

1959 – The Year That Changed Jazz

21:00  Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата

The Girl from Ipanema: Brazil, Bossa Nova, and the Beach

 

17.06.2017

19:00 Ејми Вајнхаус: Со свои зборови

BBC.Amy Winehouse: In Her Own Words

Мачешкото Пијано

The Cat Piano

Буика и симфонискиот оркестар

Buika Symphony

Румфил проект

Roomphil Project

20:00  Кралиците на џезот: Радоста и болката на џез дивите

Queens of Jazz: The Joy and Pain of the Jazz Divas

21:00  Ела Фицџералд: Причина за живеење

American Masters: Ella Fitzgerald – Something To Life For

 

18.06.2017

20:00  Френк Запа – Современиот композитор одбива да умре

Frank Zappa: The Present-Day Composer Refuses to Die

21.00  Задоволството наречено Моцарт

         The Joy of Mozart

22.00 Дерек Меј и Џијан Емин заедно со Франческо тристано и оркестарот Ламуру

Концертен филм Weather Festival, Франција

          Derrick May & Dzijan Emin Ft. Francesco Tristano & Orchestra Lamoureux 2015

 

19.06.2017

20:00 Да живее Рок

Long Live Rock

-Во сеќавање на Лу Рид

Remembering Lou Reed

21:00  -Дејвид Боуви на Бибиси

David Bowie at the BBC

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top