Првата жртва на масакрот во Лондон била идентификувана како 30-годишната Кристина Арчибалд, волонтерка и прекрасна ќерка и сестра полна со љубов. Кристина умрела на рацете на својот свршеник, Тајлер Фергусон.
Сестрата на Фергусон, Кејси, рекла дека нејзиниот брат „е скршен на милиони парчиња бидејќи ја држел својата љубов во раце и ја гледал како умира“.
Семејството изјавило дека тагува поради загубата на „прекрасната ќерка и сестра полна со љубов“.
-Во срцето имаше место за сите и цврсто веруваше дека сите луѓе треба да се ценат и почитуваат. Живееше според свои убедувања, работеше во засолниште за бездомници пред да се пресели во Европа со свршеникот. Никогаш не можеше да ја разбере суровоста која и го одзема животот. Ве молиме, дајте и почит така што ќе ја направите вашата заедница поубаво место. Подарете го своето време на бездомниците. Кажете им дека Кристи ве пратила – рекла Кејси Фергусон.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјавил дека „срцето му е скршено“ поради смртта на Кристина Арчибалд.
-Канада остро го осудува нападот кој се случил во Лонодн, во кој се убиени и повредени многу невини луѓе. Срцето ми е скршено бидејќи меѓу нив има и Канаѓанка- изјавил Трудо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.