Ноќеска половина час по полноќ бул. „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на крстосницата со булеварот „8 Септември“, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „пинц“, сопственост на МВР, во кое имало вкупно шест полициски службеници и патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале три лица.
МВР соопштува дека во незгодата со телесни повреди се здобиле сите девет лица. Со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градска општа болница и во Ургентниот центар и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За настанот е запознаен и Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил