| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли е љубоморна што Пит врти нова страница во животот

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во октомври минатата година поднесе барање за развод од Бред Пит, а сега ѝ пречи тоа што тој се обидува да продолжи со својот живот, пишуваат американските таблоиди.

Како што вели извор близок до актерката, таа сѐ уште му е лута на својот поранешен сопруг, но не ѝ е сеедно поради тоа што тој одлучил да продолжи со животот и да најде друга.

Барањето за разводот се случи поради проблемите на Пит со алкохолот и неговиот однос со децата. Оттогаш трае и нивната борба за старателство над шесте заеднички деца – Медокс (15), Пекс (13), Захара (12), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top