| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајка повредени девет лица од кои шест полицајци

Девет лица се повредени од кои шест полицајци во сообраќајка која се случила ноќеска на булеварот „Партизански oдреди“.

Како што информираа од МВР, 30 минути по полноќ на булеварот „Партизански одреди“, во близина на крстосницата со булеварот „8 Септември“ се судриле патничко возило марка „пинц“ сопственост на МВР со ауди. Во сообраќајката биле повредени девет лица од кои шест се полицајци.

По укажаната лекарска помош повредените биле пуштени дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top