Светската банка прогнозира дека глобалната економија ќе забележи раст оваа и следната година благодарение на стабилните цени на стоките и на растот на глобалната трговија.
Банката прогнозира раст од 2,7 отсто на глобалната економија оваа година и на 2,9 отсто во 2018 година. Во 2014 година растот беше 2,4 отсто.
Прогнозата на СБ е 2,1 отсто раст на економијата на САД оваа година во споредба со 1,6 отсто во 2016 година.
Во еврозоната, која обединува 19 држави растот е 1,7 отсто или помалку од лани, кога изнесуваше 1,8 отсто. Економијата на Јапонија ќе има раст од 1,5 отсто во споредба со еден отсто минатата година.
Економијата на Кина ќе продолжи да се забавува од 6,7 отсто раст лани, на 6,5 отсто оваа година и 6,3 проценти во 2018 година.
СБ предупредува за ризиците од протекционизам, геополитички конфликти и евентуалните финансиски последици од очекуваното зголемување на каматите во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.