Осумте британски полицијаци, кои синоќа ги ликвидираа тројцата извршители на нападот во центарот на Лондон, врз нив истралале околу 50 куршуми, соопшти денеска шефот на Одделот на Скотланд Јард за борба против тероризмот Марк Роули.
Тој инфромира дека при стрелањето, полицијаците случајно раниле и еден цивил, кој се наоѓа вон животна опасност.
– Постигнавме значителен напредок во истрагта, но ни претстои уште многу работа. Постигнавме суштински напредок во утврдување на идентитетот на напаѓачите, истакна Роули на прес конференција.
Нападот се случи синоќа, нешто по 22 часот по локално време (23 часот по средноевропско време), кога троïца мажи, кои на себе носеле лажни експлозивни елеци, со бело комби прво намерно влетаа меѓу луѓе кои чекаа автобус на Лондонскиот мост, кој води кон финансискиот центар Сити, а потоа излегоа од возилото и со ножеви почнаа да ги бодат повредените. Потоа, тие влегоа во привите два локали во блискииот Бороу Маркет, кој е популарно собиралиште за младите во саботните вечери, напаѓајќи ги присутните.
Пред полицијата да успее да ги ликвидира терористите, тие успееја да убијат седум лица и да ранат 48 други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.