Вкупно осум минути траел теророт во центарот на Лондон, во терористичкиот напад во кој има шестмина загинати и 48 повредени, јави британската полиција.
Марк Ровлеј, задолжен за борба против тероризмот за „Ројтерс“ изјави дека вооружените полицајци многу брзо реагирале и им се спротиставиле на тројцата наоружани мажи кои се убиени на Бороу маркет, во Лондон.
– За жал, шестмина лица загинаа покрај тројцата напаѓачи. На осомничените им се спротиставија полицајци кои ги убија осум минути откако го добивиме првиот повик – изјави Ровлеј.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека инцидентот во Лондон се третира како потенцијален терористички чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.