| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачите во Лондон колеле се пред себе, расте бројот на повредените

Британската полиција извести дека во неделна рано наутро се убиени тројцата напаѓачи кои во саботата доцна навечер извршија напад во близина на Лондон бриџ во кој се убиени шестмина а ранети се најмалку 48 лица. Меѓу тешко повредените се наоѓа и еден полицаец.

Тројцата вооружени напаѓачи се убиени на Бороу маркетот. Тие носеле со себе елеци со експолизив што подоцна се покажеле дека биле лажни.

Британската полиција извести дека во пет лондонски болници превезла повеќе од 30 луѓе, а големиот број пациенти со помали повреди се згрижени на местото на настанот.

Полицијата овој напад го карактеризираше како терористички. Прво бело комбе се залетало на пешаци на Лондон бриџ, а потоа, според зборовите на очевидци тројца луѓе излегле од комбето и со ножеви долги и до 30 сантиметри тргнале кон Бороу Маркет, напаѓајќи ги луѓето кои им се нашле на патот.

Засега никој не је презеде одговорноста за нападот во центарот на Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top