| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во Македонија: Маж стана жена, пациентката ќе може да ужива во сексот како и досега

Успешно заврши првата операција за промена на пол во Македонија во Клиничката болница “Аџибадем Систина”. Тимот врвни уролози по генитално реконструктивна хирургија, предводени од професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, ја направи првата интервенција за промена на пол кај 33-годишен маж, кој е македонски државјанин.

На пациентот во текот на неколкучасовната операција му беа отстранети машките гениталии и беа формирани сите женски органи. Според доктор Ѓорѓевиќ, операцијата минала во најдобар ред и пациентот во наредните неколку дена ќе се опоравува во рамки на болницата, а потоа му следи период на опоравување во домашни услови.

Пред да биде извршен оперативниот зафат лицето една година примало хормони, а година и половина било под психијатриски надзор.

Доктор Ѓорѓевиќ рече дека ова е петти пациент со потекло од Македонија, на кој тој досега извршил операција за промена за пол. Дополни дека за отприлика еден месец, лицето кое го промени полот целосно ќе функционира како жена, а во рок од два ипол до три месеци веќе ќе може да има и нормални сексуални односи, при што ќе може да чувствува и сексуално задоволство.

Интервенцијата за промена на полот се следеше во живо.

Според изјавите на лекарите зафатот од маж да се стане жена е исто толку тежок како и зафатот од жена да се стане маж, но задоволството и уживањето во сесуалните односи останува како и претходно. Мажот кој стана жена во секој поглед ќе може да функционира како женско, освен да биде мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top