| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во штипска фабрика, голема материјална штета


Од непознати причини вчера во 6.30 часот избувнал пожар во хала за доработка на конфекциски производи во објектот на „В.И.Т.“ ДООЕЛ, сопственост на В.Ф.(22) од Штип.

Како што соопшти денеска МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна екипа на Штип.

Увидот ќе се врши в понеделник поради тоа што се работи за поголема материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top