Продажбата на фалсификувани лекови на глобално ниво во 2011 година изнесува 60 милијарди евра, а само во Европа трговијата со лажни лекови достигнува 10,5 милијарди евра.
На овој ризик е изложен секој петти жител на ЕУ. Фалсификуваните лекови кои лажно се претставуваат се тивок и подмолен убиец без посакуваниот ефект, а често содржат и отровни супстанции.
Хрватска денеска на семинар за борба против фалсификуваните лекови ги собра домашните, европските и меѓународните експерти од Светската здравствена организација, Интерпол, Европол, Светската царинска организација и Советот на Европа. На семинарот е разговарано за важни прашања поврзани со фармацевтскиот криминал, врските со организираниот криминал и трговијата со лажни лекови, царински акции и илегална продажба на интернет, пренесува „Анадолија“.
Министерот за внатрешни работи на Хрватсак, Ранко Остојиќ, изјави дека глобално повразаниот свет е одлична подлога за сите видови меѓународно организиран криминал. Според него, исклучително опасен е високософистицираниот и исклучително профитабилен фармацевтски криминал што вклучува производство, трговија и дистрибуција на лажни, украдени и илегални лекови, медицински производи, како и лажни лекови што денеска најчесто се дистрибуираат преку интернет.
Хрватскиот министер за задравство, Рајко Остојиќ, нагласи дека 10 проценти од светската трговија е со незаконски лекови. Според него, исклучително опасно е консумирање лекови без посакуваниот ефект, што е еден вид обид за убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



