| четврток, 6 декември 2018 |

Хоросопски знаци со неподносливо тежок карактер!

Специфични и тешки карактери, но пријатели и партнери за цел живот!
Многумина веќе знаат дека помеѓу дванаесетте знаци во хороскопот, има и такви кои се карактеризираат како „најтешки”. Иако тие понекогаш знаат да бидат напорни, не можете а да не ги обожавате, бидејќи се лојални и искрени со оние кои им се најблиски.

Во продолжение, Ви ги претставуваме петте “најтешки” знаци во хороскопот:
Јарец

Со Јарците е многу тешко да се комуницира, бидејќи тврдоглавоста е нивното второ име. Јарците имаат ограничен социјален круг и тие не толерираат здодевност. Доколку спонтано се заљубите во Јарец, ќе Ви бидат потребни многу трпение и издржливост.

Водолија
Водолиите се многу специфични при комуницирањето. Тие го ценат само своето мислење, многу лесно можат да обвинат некого и не сакаат да слушаат правдања. Водолиите имаат посебен ум, но често се окупирани со емоциите.

Близнаци
Близнаците не знаат мирно да седат на едно место. Тие се гласни, зборлести и духовити. Во критични ситуации, знаат да ја носат “маската на рамнодушноста”, а мислењето на околината е празен звук за нив. Тие живеат во свој свет и секогаш знаат како да одиграат, без разлика колку добро мислите дека ги познавате.

Овен
Овните се многу импулсивни личности. Тие се во состојба за 15 секунди да расипат однос кои го граделе со години. За себе сметаат дека секогаш се во право, а доколку навистина се, тоа морате да им го признаете. Доколку се заљубите во Овен, тогаш бидете спремни за огнот кој ќе гори непрекинато бидејќи страста ќе постои засекогаш.

Шкорпија
Шкорпијата спаѓа во најголемите “злобници” во зодијакот. Тие секогаш го добиваат она што ќе го посакаат и за нив, ништо не е невозможно. Имаат премногу груб однос кон светот, а за нив луѓето се во нивна сопственост. Бидете внимателни – доколку сте во нивната мрежа, многу тешко ќе излезете од неа бидејќи ќе останете заробени од шармот, страста и сексапилноста која тие ја поседуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top