| четврток, 6 декември 2018 |

Во прилепско Канатларци пронајден мртов маж

Во близина на стариот задружен дом во с. Канатларци, вчера, околу 3 часот, во паркирано патничко возило марка „фолксваген пасат“ пронајден е маж со неколку прострелни рани во пределот на градниот кош. Утврдено е дека станува збор за лице родено во 1991 година.

Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место.

Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, надлежен јавен обвинител издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за подигање траги и предмети од лице место кои можат да послужат како доказ.

Преземени се и други дејства за утврдување на причините за смртта на пронајденото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top