| четврток, 6 декември 2018 |

Времето ќе покаже кој е во право, сè што правевме, правевме за сите граѓани

Ng

Се што правевме – правевме за сите граѓани, не ги делевме Македонците и Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите и останатите. Тоа што некому му беше потребно да создаде негативна перцепција кај Албанците за  нас и лажно да не престави како националисти, како некои кои не ги почитуваат Албанците или се против нив, е краткорочен успех, затоа што нашите дела, нашата грижа, проекти, помош и секогаш пружена рака за поддршка ќе останат кога оваа вештачки создадена магла ќе се крене.

Ова од собраниската говорница вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потенцирајќи дека во 2006. година процентот на правична застапеност на Албанците во јавната администрација бил 10 отсто, а сега се искачил на 20 проценти.

– Да не ги споменувам изградените патишта, водоводи, канализациски мрежи, спортски сали, училишта, болници факултети, универзитети, донесени фабрики кои отворија нови работни места во Кичево, Тетово, Струга, Скопје, Гостивар итн. Да не ги споменувам земјоделските субвенции, покачените пензии, и десетици и десетици други привилегии и подобности за кои Албанците во време на СДСМ можеа само да ги сонуваат, а денес им се придобивка и стекнато право, потенцира Груевски.

Според него, никој не се борел за да им ускрати нешто на Албанците.

– Тие ќе добијат унапредување на користење на јазикот, како што добија и во минатото. Но, во рамките на меѓународните стандарди, задржување на унитарниот карактер на државата и без загрозување на македонскиот јазик како единствен официјален јазик на целата територија на Македонија, а со тоа и кохезивен фактор на сите етнички заедници во Македонија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top