Вечерва, еден час пред полноќ во Собранието ќе се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Се очекува поранешниот премиер да има свое излагање околу 23 часот од собраниската говорница.
Најдоцна до полноќ, Македонија треба да ја добие новата влада, кога истекува деловничкиот рок за избор на составот предложен од Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа Влада не може ни да се доближи до резултатите што ги постигнаа владите предводени од нивната партија. Бараат СДСМ да најави проекти со прецизни рокови.
За ВМРО-ДПМНЕ Талат Џафери останува обичен пратеник, кој само седи на местото на претседателот на Собранието и нема право да ја води седницата на албански. Џафери пак на секој пратеник од оваа партија му се заблагодарува исклучиво на албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии