| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Британија останува партнер, „Брегзит“ нема да биде во фокусот на ЕУ

merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува Велика Британија да остане силен партнер на Европската Унија и на Германија по заминувањето од ЕУ, јавуваат германските медиуми изјава на Меркел дадена во Нирнберг.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, Меркел најавила дека Германија ќе пристапи кон преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ со разбирање дека таа земја и понатаму ќе продолжи да биде партнер на ЕУ и Германија. ­

– Ќе ги спроведеме преговорите за заминување во духот на останувањето на Британија како добар партнер. Но ние мора да се погрижиме за работите кои што ја зајакнуваат ЕУ а не да бидеме исклучиво фокусирани на преговорите за Брегзит, изјавила Меркел на настан во Нирнберг.

Претходно британската премиерка Тереза Меј најави можност Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор доколку нејзината земја не успее да постигне прифатлив договор со Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top