| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ја изгласа Одлуката за основање на постојани работни тела

Sobranie izbor vlada zoran zaev sdsm (1)

Пратениците на денешната трета собраниска седница ја изгласаа Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.

За Одлуката, која беше поднесена од пратениците од Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски, гласаа 98 пратеници, воздржани и против немаше.

Претходно беше завршена конститутивната собраниска седница на која беа избрани претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

За денеска напладне е закажано продолжението на втората седница на Парламентот на која треба да се избере новата влада на Република Македонија.

Седницата за избор на новата влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.

Во новата влада, според предлог-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top