Американскиот претседател Доналд Трамп го дал бројот на својот мобилен телефон на светските лидери за директно да го повикаат, што е невобичаена пракса со која се крши дипломатскиот протокол и ја загрозува безбедноста и тајноста на комуникациите на првиот човек на САД.
Трамп ги замолил лидерите на Канада и на Мексико директно да го бараат на мобилен телефон, но можноста ја искористил само канадскиот премиер Џастин Трудо.
Според француски претставници, претседателот на САД разменил броеви и со новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, но не прецизираа дали тој ќе ја искористи отворената линија со Трамп.
– Ако разговарате преку отворена линија секој има можност да ја следи таквата комуникација, сигурно и тоа ќе го направат, изјави поранешен советник на Пентагон, Дерек Колет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.