Пратеникот од владејачкото мнозинство Павле Богоевски на профилот на „Фејсбук“ напиша дека постојат сите закони и технички можности Собранието утре да го укине екстерното тестирање.
„Кога се сака, се може. Само што ја завршивме третата седница и ги избравме комисиите потребни за продолжување на мандатите на градоначалниците и за укинување на екстерното тестирање. Здравје, утре укинуваме екстерно и закажуваме локални избори“, напиша Богоевски пред малку на социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.