| четврток, 6 декември 2018 |

Ја измисли најпопуларната играчка „спинер“, а денес нема пари ни за леб

Жената која ja направи популарната играчка „спинер“ која го освојува целиот свет немала пари за да го продолжи патентот за своето откритие, па не може да си ја плати ниту сметката за телефон, пренесува „Гардијан“.

Кетрин Хетингер (62) од Флорида би требало да ужива во плодовите на својата креативност, посебно две децении откако ја направила оваа заразна играчка. Меѓутоа, и се случила судбината на многу други пронаоѓачи кога во 2005 година не можела да ја плати таксата од 400 долари за продолжување на патентот.

Таа моментно е принудена да ја замени својата и онака мала куќа за еднособен стан, а не е сигурна ниту дали воопшто сака да го обновува договорот со телефонската компанија бидејќи не може да си го дозволи тоа задоволство.

– Тешко е да се биде пронаоѓач. Само три отсто заработуваат какви било пари. Гледав како другите ставаат хипотеки на своите домови и трпат големи загуби. Морате да пронајдете цимери или да побарате помош од семејството и пријателите. Тешко е – вели Кетрин која верува дека досега би имала многу пари.

Истакнува дека многу луѓе прашуваат дали е бесна, но вели дека и е мило кога гледа дека на луѓето им се допаѓа нејзиниот пронајдок.

resized_a8be2-40ca08732121212

Идејата за овој изум се родила во 90-те години на минатиот век кога Кетрин боледувала од автоимуна болест поради што нејзините мускули ослабнеле. Во таква состојба таа не можела да ги собере играчките на ќерка си, ниту па да си игра со неа. Тогаш почнала да ги собира работите по куќата и да ги лепи со селотејп. На крај се родила направата со која таа со ќерка си можеле да играат.

Играчката почнала да ја продава по пазарите во нејзина близина, а илјадници луѓе имале шанса да ја пробаат оваа играчка. Се течело нормално се додека големиот производилте на играчки „Хасбро“, откако ги направил тестирањата, решил да го стопира производството.

Ова не ја поколебало Кетрин. Таа моментно се занимава со инженерски работи и им помага на колегите кои имаат добри идеи. Исто така собира пари преку сајтот „Кикстартер“ за да почне со производството и продажба на нејзиниот оригинален дизајн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top