| четврток, 6 декември 2018 |

Британската палата открива: Колку милиони годишно троши кралското семејство

Кралицата Елизабета можеби има 91­година, но сеуште не покажува желба за одење во пензија. Таа сеуште ги држи конците во кралското семејство, кое го освои буквално целиот свет со својата скромност и посветеност.

Од принцезата Дијана, па се до принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, младите наследници Џорџ и Шарлот, па се до принцот Хари и неговиот „забавен“ начин на живот. Но, дали некогаш сте се запрашале колку годишно троши кралското семејство?

Британската палата од неодамна објави дека кралскиот живот чини 3 милиони годишно. Во оваа сума се вбројуваат официјалните патувања, одморите, облеката, училиштата за децата и сите потреби на членовите на британското кралско
семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top