Велосипедист е полесно повреден во една од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една е причинета материјална штета.
Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, седум возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 23 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 35 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.