Крвaва месечина, сина месечина, волк месечината … долга е листата на чудни имиња на полната месечина на која и се приклучи и името „меден месец” кој ќе се појави над нашите глави во јуни.
Во прашање е полната месечина во јуни, која во Европа често се нарекува како „Месецот во кој цветаат рози”. Во Кина се нарекува „лотос месечина”. Во Америка е позната како „Месечината бобинка” која на небото се појавува обоена во црвено.
Mеѓутоа името нема никаква врска со бојата на месецот, туку со фактот дека во старите времиња, првата полна месечина во јуни значеше почетокот на жетвата на јагоди, па затоа и и е дадено таквото име. Слично на тоа, во Европа (каде јагодите доаѓаат многу подоцна), оваа месечината е именувана по рози, кои во овој период го достигнуваат својот врв.
Самото име на „меден месец” навистина има врска со својот изглед, бидејќи полната месечина во јуни ќе биде многу поблиску до хоризонтот. Ова значи дека нејзината светлина ќе оди низ многу загаден и влажен воздух, а со тоа на набљудувачите им изгледа како на убавата боја на медот – а не сребро, како и обично.
Оваа година медениот месец ќе се појави на деветти јуни и, како и обично, ќе предизвика многу внимание поради тоа што ќе изгледа многу поголем од вообичаено.
Се верува дека еден ден по медениот месец секогаш доаѓа голема бура.
Па, ќе видиме дали ова популарно верување оваа година ќе стане вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст