Разводот на актерот Џони Деп и неговата колешка Амбер Херд предизвика големо внимание во јавноста. Освен бурната разделба, сега испливаа уште некои информации кои наводно влијаеле на нивниот брак, но и на нејзината кариера.
На тужбите никогаш крај, а сега во таа „игра без граници“ се вклучија и продуцентите на филмот „London Fields“. Тие одлучиле Амбер да ја тужат поради непочитување на договорот, затоа што тврдат дека поради Деп, со кого тогаш била во брак, се откажала од снимањето на разголени сцени.
Поради тоа тие морале да најмат двојници за да ја одиграат сцената и сега од поранешната жена на Џони Деп бараат повеќе од осум милиони евра отштета.
– Бурната врска на Амбер и господинот Деп сигурно била причината за нејзиното непрофесионално однесување, тврди продуцентот Кристофер Хенли.
Амбер, од друга страна, изјави дека била жртва на сексуално искористување и поднесе противтужба каде што наведува дека не знаела дека за секси сцените била ангажирана двојничка.
Нејзиниот менаџер истакнува дека е непотребно да се вовлекува Деп во спорната приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст