Одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, Зоран Заев во декември 2015 година, во интервју за ТВ „Шења“, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, претседателот на СДС вели:
– Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаеви – изјави тогаш Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Бујар Османи: Немам што да кријам, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага
-
Вицепремиерот Бујар Османи осомничен во нова истрага на СЈО „Пациент“