| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов побара од ЕУ отворање на поглавјата 23 и 24

ivanoveu-777x437Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска одржа работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија, по определувањето на мандат за состав на Владата на Република Македонија.

-Отворањето на преговорите во поглавјата 23 и 24 за правосудство, основните права, правда, слобода и безбедност ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси. Статус квото не смее да продолжи. Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата, рече претседателот Иванов на средбата.

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија ја поздравија одлуката на претседателот Иванов за доделување на мандат за состав на Влада на Република Македонија, со што се отвора можноста за нормализација на состојбите и политичка стабилност во земјата. На средбата беше истакнато взаемното очекување новата влада во своите приоритети да ја има ЕУ агендата, односно реформите кои ќе ја забрзаат интеграцијата на Република Македонија во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top