Ако на жена ѝ давате комплименти против нејзина волја или нападно ѝ се додворувате, ризикувате да добиете затворска казна, согласно новиот закон што стапува во сила во Србија од 1 јуни.
Законот предвидува и две нови кривични дела: прогонување и сексуално вознемирување.
Сексуално вознемирување (според член 182а) е секакво дофрлање, слободно однесување, па дури и ласкање против волја на жената, а за тоа дело е предвидена затворска казна до 6 месеци или парична казна.
Прогонување (според член 138а од Кривичниот законик на Србија) подразбира праќање пораки, ѕвонење на телефон, следење и чекање пред живеалиштето. Законот предвидува три години затворска казна за ова дело.
Експертите велат дека овие кривични дела се воведени за заштита на жените, но дека оставаат голем простор за злоупотреба и манипулации.
„Погрешно е толкувањето дека нема да можете да ѝ кажете на некоја девојка на јавно место дека е убава. Меѓутоа, ако таа јасно ви стави до знаење дека таквите комплименти ја вознемируваат и дека тоа не ѝ годи, а вие продолжите, тогаш има основа за кривично дело“, вели Радомир Илиќ, државен секретар во српското Министерство за правда.
„Мора да бидеме внимателни и да водиме сметка, бидејќи може да има злоупотреба на овој закон. Мора да се направи разлика меѓу бонтон, некултура и вознемирување. Не доживуваме сите комплимент на ист начин“, вели адвокатот Љубиша Живадиновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст