| четврток, 6 декември 2018 |

Утре собраниска седница за избор на новата влада

sobranie zaev

Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ги достави предлог-програмата и предлог-составот на новата влада. Седницата за избор на новата влада Талат Џафери ја закажа за утре во 11 часот, а програмата и составот се истo така веднаш доставени до пратениците.

Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор. Предлозите на СДС Заев ги соопшти синоќа на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на партијата.

Предлозите на ДУИ беа соопштени ден претходно. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање, Рамиз Мерко – министер без ресор, Крешник Бектеши – министер за економија и Билен Саљији – министер за правда.

За министер за локална самоуправа е предложен Сухејл Фазлиу, додека за министер за здравство Арбе Таравари. Фазлиу и Таравари се предлози на Алијансата за Албанците.

За изборот на новата влада пратениците треба да се гласаат најдоцна во среда на полноќ, а за неа треба да гласаат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.

Партиите од новата владина коалиција (СДС, ДУИ и Алијансата за Албанците) во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top