Али Ахмети веќе објави кои се имињата од ДУИ кои треба да седнат во министерска фотелја. Имињата веќе познати на јавноста… но не по многу добри работи.
-Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор, изјави Ахмети.
Информацијата дека поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко ќе добие министерско место од јавноста не беше примена со одобрување…
-Тешко на владата во која Рамиз Мерко ќе биде реформатор…, напиша на својот Фејсбук профил новинарката, Душица Мрѓа.
Стружани ја коментираат легендарната изјава на Мерко зошто не го чисти снегот во Струга:
-Господ го даде, Господ ќе го земе…
Господ веројатно „ќе ја создаде“ оваа Влада. Како што го даде снегот, како што го црпна лидерот на социјалдемократите од нива… Како што ќе ја создаде, така и нека ја тргне, онака како што ќе го земаснегот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Додека Струга се дави во долгови, градоначалникот Мерко набавува луксузна бела лимузина
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се трудат со лаги да ја манипулираат јавноста
-
СДС се откажа од суштински и одговорни позиции: Биографиите на Мерко и Ќахил шок за инвеститорите
-
Беличанец го куражи Заев: Ахмети се заигра влада, ама ти си главен