Популарниот Чичко Миле цели 35 години работел како портир во Домот за ученици од средните училишта „Бранкото коло“ во Нови Сад. Во текот на неговата работа се зближил освен со своите колеги, туку и со многу ученици кои го посетувале домот.
Кога оваа година дошло време чичко Миле да замине во пензија по 35 години минати на истото работно место, дел од учениците кои го познавале се решиле да му исполнат една од неговите најголеми желби.
Тој отсекогаш сакал, но не успеал да си купи еден скромен автомобил, па учениците помогнати од неговите колеги, со заеднички средства му купиле „Голф 2“ како подарок за заминувањето во пензија.
Во една кутија со чоколадни бонбони му го скриле клучот од колата, а кога новиот сопственик го пронашол, бил пресреќен. Автомобилот бил купен во тајност, пригодно украсен, а со него бил направен гест кој чичко Миле сигурно ќе го памети цел живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.