| четврток, 6 декември 2018 |

Се женел осум пати, па ѝ се вратил на првата!

зени

Милован Алексиќ 78 од српското село Бара имал осум жени. Последните три децении живее со Владанка од Забрега, единствена со која е во брак- по втор пат. Вели дека секоја од нив има посебно место во неговото срце- Владанка од Бара, Душанка од Сиљевица, Бранка од Белошевци, Лепа од Македонија Нада од Македонија, Љиља од Ресавица, Владанка од Забрега и Љиља од Хрватска. Вели имал повеќе но не смее да признае, пренесува српски Блиц.

-Не сум мрзел ниедна жена, но ниедна не е незаменлива. И сега, ако оваа баба не е добра и неа ќе ја заменам. Имам прилика кај други две, до 10 имам право- вели на шега Милован, длабоко влезен во својата осма деценија

Немирниот авантуристички карактер го носел далеку од дома, а во секое ново место на престој го одбележала и нова жена со која, венчан или не, живеел. Пред 30 години одлучил да се врати дома, да се смири и од тогаш живее со Владанка (77) од Забрега, со која претходно живеел три години.

-Таа е вистинска жена бидејќи ги прифати моите деца подобро од вистинската мајка. Тие повеќе ја сакаат неа отколку мене.

Неговите три ќерки се од Бранка. Редовно го посетуваат заедно со внуците и правнуците. Бранка побегнала од него по 12 години брак, а му пишала писмо од Германија.

На Владанка тој и е втор сопруг, првиот го оставила по две години, заради роднините.

-Можевд а се омажам со богат, да жуивеам во стан, глава да не ме боли. Но отидов за милован затоа што е добар човек. Сѐ ми купува, а на другите жени мажите не им купуваат. Заедно стекнавме сѐ. Тој живеел со други од денес за утре. Единствено што е многу љубоморен- вели Владанка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top