| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: БЕСА не сака во Влада со осомничени од СЈО кое е под контрола на СДСМ, а не ѝ пречи што Заев е осомничен од ЈО за „Поткуп“

Чудна е партијата БЕСА. Преговара со Заев за влез во влада од февруари до сега. Секој ден повторува дека услов за да влезе во влада им е во владата да нема некој кој е осомничен од СЈО, а сите знаат дека СЈО е под контрола на СДСМ. Каков е тој услов, кога зависи од СДСМ и од Заев?, напиша политичкиот аналитичар, Никола Србов на својот Фејсбук профил.

srbov

-Но има нешто почудно и од ова. Заев е осомничен од ЈО за „Поткуп“, за што има видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. Таму јасно се гледаат две работи како Заев бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата. И ова на принципиелната БЕСА не и пречи. Случајот не е осомничен туку е во судска постапка, ама за БЕСА тоа не е важно, тоа не им пречи. Заев за нив нема пречки да стане премиер, но дали ќе влезат во влада им зависи од Тиранската Платформа. А, криминалот е во ред. Браво, многу чесна и принципиелна партија. Ако си осомничен од СЈО не си поволен, а ако си обвинет од ЈО со доказ чиста и јасна снимка како бараш мито, тогаш си поволен. И се надеваат дека Албанците тоа ќе го оправдаат и ќе го победат ДУИ. Многу нелогично и жално, додава Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top