Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд особено во крајните западни и крајните источни делови каде што е можна и ретка појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 22 степена.
Во недела на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, меѓутоа процесите не се очекува да бидат интензивни.
Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.