| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Цукенберг, конечно, дипломираше

Марк Цукерберг, конечно, ја доби својата диплома и го одржа својот 366. говор на „Харвард“.

Цукерберг го започна својот говор на „Харвард“ зборувајќи дека тоа е најдобриот универзитет во светот, шеговито дофрлајќи им на студентите дека тие постигнале нешто што тој никогаш не можел.

– Јас секогаш ќе го споделувам она што сум го научил за својата генерација и светот, со сето она што заедно сме го изградиле – рече Цукерберг додавајќи дека тоа е посебно многу важно за него.

Тој опиша како на патувањата низ светот луѓето му зборуваат дека со „Фејсбук“ успеал да ја пополни празнината во нивните животи.

Исто така, во чувствителниот говор, Цукерберг раскажа дека од „Харвард“ му се заканувале со истерување поради „Фејсбук“.

На својот профил на „Фејсбук“ Цукерберг напиша: „Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top