| четврток, 6 декември 2018 |

Природно е претседателот на САД да биде во прв ред – вака Марковиќ го искоментира туркањето на Трамп!

samit

Премиерот на Црна Гора ја искоментира ситуацијата за која пишуваат сите медиуми.

-Тоа беше безазлена ситуација и никако поинаку не може да се протолкува-порача премиерот Душко Марковиќ, коментирајќи го моментот во кој американскиот претседател Доналд Трамп го истурка, како тој би застанал во прв ред за фотографирањето на самитот на НАТО во Брисел.

Премиерот на Црна Гора оценува дека Трамп заслужува да биде во прв ред, како лидер на најголемата светска сила.

-Сакам да кажам дека е природно претседателот на САД да биде во прв ред. Црна Гора останува приврзана на пријателството со САД- рекол Марковиќ на новинарите после состанокотсо лидерите на земјите членки на НАТО.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top