| четврток, 6 декември 2018 |

По „Крафтверк“, филм и за Мајлс Дејвис на „Скопје синема сити“

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, на денот на роденденот на џез-легендата Мајлс Дејвис, 26 мај, информира  дека во рамките на својата програма за претстојниот фестивал ќе го прикаже филмот „1959 – Годината која го промени џезот“ на режисерот Пол Бернајс, посветен на еден од најважните моменти во историјата на џезот и во кариерата на Мајлс Дејвис – објавувањето на албумот „Kind of Blue“, најпродаваниот џез-албум на сите времиња. Ниту една колекција не може да се смета за комплетна без ова издание и оваа музика е позната како по својата елеганција и симетрија, така и по својата иновативност.

unnamed (2)

Всушност, филмот е приказна за годината во која почнале да се случуваат огромни промени како во општествениот живот со САД, така и во музиката, особено во џезот. Таа година, покрај изданието на Мајлс Дејвис, биле објавени и албумите на Дејв Брубек – „Time Out“, Орнет Колман – „The Shape of Jazz to Come“ и Чарли Мингас „Ah – Um“, и сите тие го разграниле џезот кон онаа богата форма што ја познаваме денес.

Филмот содржи интервјуа со музичари како Лу Рид, Орнет Колман, Чарли Хејден, Херби Хенкок, Дејв Брубек, реномираните новинари Нет Хентоф, Гари Гидинс и Стенли Крауч кои ги доловуваат волшебните кративни моменти.

unnamed (3)

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ почнува на 15 јуни со премиерно прикажување на филмот „Поп арт“ за германската група „Крафтверк“. Една од главните начела на фестивалот е да го прикаже богатството на музичкиот свет преку популарните документарни филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top