Пејачката Гоца Тржан е позната по тоа што е без влкна на јазикот и ги коментира друштвените мрежи, па така, изреволтирана поради состојбата на денешната младина одлучи да проговори за големот проблем со кој се соочуваат многу родители, па на својот Инстаграм профил напишала отворено писмо, кое никого не остави рамнодушен.
-Размислувам имаат полни соби со играчки, таблети, телефони, компјутери, велосипеди, тротинет, ролери и не им е срам да кажат дека им е досадно! Што направивме од нашите деца. Им дадовме се што ќе посакаат и сега се незаинтересирани и потполно отупеа. Ништо не може да ги воодушеви, ниту заинтересира, ниту да им трае. И ништо не им е полошо од тоа да им го земеш телефонот. Ниту да не одат на море, ниту да не одат во Рим, ниту да не зборуваме со нив, само не им го земајте телефонот – напишала Гоца и додала:
-Тажна сум. Бидејќи мислев дека сепак сме им важни. Но им дадовме предмети за да молчат додека јадат, да молчат и гледаат во телефонот додека сме во ресторан, да ги забавува додека готвиме, да молчат додека ние зборуваме. Па не е ни чудно што тој предмет најмногу им значи. Толку пати не има нас заменето. Затоа претпазливо… Кога ќе сфатите дека на вашите деца повеќе не им значи што сте тажни што гледаат само во телефонот, сетете се на овој пост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст